Ин Ситу саем на уметност

InSituArtFairТемата на шестото издание на саемот на уметност Ин Ситу е „вкрстувања“. Вкрстувањето е точка на среќавање. Приватниот културен сектор претставен од страна на Ин Ситу и јавниот културен сектор претставен од страна Младинскиот културен центар, е фокусот на оваа година.

По шест години синергија помеѓу организациите, тие одлучија дека треба да се потсетиме на достигнувањата.Како одраз на досегашните успеси, овогодишната соработката се издигнува над очигледните потешкотии во секторот преку обезбедување на меѓународна програма која ги поставува Саемот и Центарот на заедничко тло со тековните глобални теми.

Од 27 до 30 јуни 2019 година, саемот за уметност Ин Ситу и Младинскиот културен центар ќе ги отворат вратите кон поинаков вид на оптимизам, привремено ослободен од товарот на секојдневните грижи. Веруваме дека нашата заедничка работа оддава почит кон потребата од современо размислување за динамиката на нашето општество – коешто во нашите полемики за визуелната, структурната или применетата уметност не смее да биде изоставено.