Join us for Skopje Open Archive Day

📣 Join us for the FOMA: Open Archive Day at MKC!

📅 Date: Monday, 22.05.2023 ⌚ Time: 14:30 📍 Location: MKC

Во понеделник, 22.05.2023 година, како дел од проектот Forgotten Masterpieces (FOMA), ќе се одржи Open Archive Day. На настанот, покрај досегашните резултати на проектот, ќе се презентира и дигиталната архива и дополнително ќе се понуди единствена можност за посета на неколку значајни градби од архитектонското наследство на Скопје од втората половина на 20 век. Посетата има за цел да ги запознае учесниците со овие извонредни градби и да ја истакне нивната исклучителна архитектонска вредност, нагласувајќи ја нивната важност за македонската архитектура. Дополнително, ќе ги посетиме и вообичаено недостапните простори во овие објекти, правејќи ги видливи и за архитектите и за пошироката јавност. Не пропуштајте го овој возбудлив настан!

Понеделник, 22.05.2023 година, 14:30 часот
Џебно кино, Младински културен центар