Жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопјe – Архитектонска изложба

Во четврток, на 23 декември со почеток во 19:00 часот во Музејот на Република Северна Макеоднија ќе се отвори архитектонската изложба „Жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје“.

Изложбата е резултат на едногодишниот проект во областа на културата и архитектурата насловен „Улогата на жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје“ кој Здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата го спроведе со финансиска поддршка од Амбасадата на Швајцарија во Северна Макеоднија.

Авторскиот тим на проектот го сочинуваат Ана Ивановска Дескова, Владимир Десков, Јован Ивановски, Бојана Стојменовска, Теа Дамјановска и Михајло Стојановски. Изложбената поставка ќе биде отворена за јавноста до 23 март, 2022 година.