Forgotten Masterpieces – Отворен повик за соработници

Општа цел на проектот “Forgotten Masterpieces: Capacity Building and Knowledge Exchange in Architecture through Digitisation” (FOMA) е да се развие нов пристап за споделување знаења за архитектурата преку дигитални средства.
Очекувани резултати од реализацијата на проектот Forgotten Masterpieces (FOMA) се: да се создаде отворена онлајн архива за споделување на знаењето за архитектурата преку слободна соработка на експерти и ентузијасти на тема модерна архитектура; да се ​​изградат и прошират дигиталните вештини на културните оператори врз основа на најдобрите практики извлечени од истражувањето Forgotten Masterpieces на архитектурата на дваесеттиот век во Европа; да се ​​документираат овие „заборавени ремек-дела“ на европската модерна архитектура и да се истакне нивната важност за денешната изградена средина.
Една од целите на FOMA е да создаде пан-европски „дигитални шампиони“ во истражувањето на архитектурата за да можат да споделуваат експертиза во онлајн истражување и комуникација. „Дигиталните шампиони“ ќе го шират моделот на соработка и размена на FOMA на други европски институции и публика.
Избраните соработници, „Дигитални шампиони“, ќе се запознаат со дигиталните стратегии и ќе се приклучат на проектот на ограничено време и ќе станат „амбасадори“ на дигиталната трансформација во архитектурата.

Отворен повик за соработници

За потребите на проектот „Forgotten Masterpieces”, објавуваме повик за двајца соработници (архитекти или докторанти) кои ќе се приклучат на иницијативата за создавање на отворена онлајн архитектонска архива за модернистичката архитектура.
Соработниците ќе работат со професионалци од неколку европски земји и со уредничкиот тим на Architectuul, онлајн публикација за архитектура. Фокусот на истражувањето ќе биде насочен на скопското модернистичко наследство. Проектот трае шест месеци и ќе го води организацијата Континео 2020. За времетраењето на проектот, соработниците ќе се запознаат со алатките и методите на дигиталното издаваштво.

Заинтересиранит кандидати треба да достават ажурирана биографија на следната емаил адреса: contineo2020@gmail.com
Крајниот рок за доставување на апликациите е 20 октомври 2022 година.

Forgotten Masterpieces е проект финансиран од програмата Креативна Европа.